ВМРО-ДПМНЕ : Жално е што на овој значаен ден од Прилеп ќе се обрати Зоран Заев кој 1 година ја разнебитува Македонија

Во очи на големиот празник 11 Октомври, датумот на кој во 1941 година започна НОБ, од Прилеп ја држиме денешнава прес конференција токму од местото од каде започнало востанието против бугарскиот фашистички окупатор. Од Прилеп, од градот херој, со напад на бугарскиот затвор започнала борбата на македонскиот народ за своја држава – Македонија. Истакнаа на денешната прес  конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Денес, 2018 година, почитувани сограѓани, без трошка срам, што е и негова карактеристика од овде, од Прилеп ќе ни се обрати Зоран Заев, ликот кој решил да уништи се што припаѓа на оваа држава. Бидејќи комисијата за промена на македонската историја е формирана, го прашуваме што има одлучено?

 

Дали во 1941 година Душко Наумоски, прилепчанец, ја испукал првата пушка против бугарскиот фашистички окупатор, или според она што досега Заев го кажува нашиот народ се борел сам против себе?

 

И што наредната година ќе преставува овој музеј зад нас? Или може и ќе го рушите?

 

Локалната самоуправа предводена од СДСМ одлучи да го означи овој ден со низа настани низ Прилеп, кои се случуваат во спортските сали и останатите места кои дел се целосно изградени, а дел реновирани токму во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога СДСМ од улога на опозиција секојдневно држеше прес конференции против ваквите проекти. Но, денес, 2018, добро е што СДСМ се одлучи да организира турнири и спортски настани во новите спортски сали кои ги изградивме во ООУ Добре Јованоски, СОУ Кузман Јосифоски Питу и СОУ Ѓорче Петров. Добро е затоа што потврдија дека не може и не смее да се брише тоа што е направено во минатото.

 

Почитувани, жално е што на еден ваков значаен ден за македонската историја, ќе има обраќање Зоран Заев во Прилеп, пред прилепчани, во градот од каде истиот Заев бесрамно ја најави двојазичноста низ цела држава.

 

Да не заборавиме дека токму Зоран Заев за нешто повеќе од една година ја клекна Македонија на колена, распродавајќи ги националните интереси, името, идентитетот, македонската историја, традиција, култура и јазик, со прифаќање на капитулантскиот договор со Грција.

 

Но, се надеваме оти нашите сограѓани од СДСМ кои се уверија оти не можат да избришат се што е пред нив изградено, конечно ќе му укажат на нивниот претседател оти не смее да ни ја брише историјата. Оти без нејзе нема да имаме ни сегашност, ни иднина!

 

Историјата памети и ќе памети кој бил на страната на Македонија, а кој работел спротивно од државните интереси! По примерот на храброста и мудроста на нашите борци и предци, народот издвојува уште една битка за зачувување на Македонија, на референдумот на 30 септември оваа година.

 

Нека ни е честит и вековит овој ден. По падот на оваа ненародна влада, Македонија ќе продолжи и понатаму да биде на страната на демократијата, слободата и прогресот!

Македонија ќе победи!“, рекоа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien