Протест пред ОЈО против притворот на активистката Ристеска

Пред Основното јавно обвинителство во Скопје се одржа протест организиран од здружението „Билка” против притворањето на активистката за легализација на канабисот, Моника Ристеска, која беше приведена вчера заради поседување 15 грама коноп и масло од коноп.

 

Со протестот, како што велат од здружението ќе се побара  ослободување на Ристевска од притвор, но и легализирање на конопот за лична употреба.

 

„Луѓето кои се залагаат за декриминализација на коноп за лична и медицинска употреба не смеат да ги полнат затворите, туку државата треба да ги чуе нивните аргументи и заедно со нив да изготви поповолни законски решенија“, стои во повикот за протестот.

 

На Ристеска и е изречена мерка протвор поради постоење опасност од бегство, повторување на делото и влијание на сведоци. Нејзиниот адвокат Јанаки Митровски рече и дека со здружението на граѓани кое го застапува работат на законски измени со кои би се декриминализирало уживањето во марихуана.

 

„Недопустливо е државата да допушта мултимилионски бизниси за правни лица, а уживателите да ги гони кривично. Никој не мора да биде притворен поради користење наркотици, особено канабис не е основ за одредување мерка притвор. Одлуката на судот е склоп на ригидна политика која се води против корисниците“, рече Митровски.
Тој исто така порача дека ќе биде поднесена жалба со цел да биде изречена поблага казна.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien