ВИДЕО – МПЦ веќе била во контакт со Вселенската Патријаршија, по УПЦ и таа се надева на брзо признавање афтокефалност

МПЦ се надева дека после добивањето на афтокефалност на Украинската Православна Црква од страна на Вселенската патријаршија, ние ќе бидеме следната црква која што ќе го добие томосот за признавање од Константинопол. Владиката Петар денеска изјави дека веќе биле во тек неофицијалните контакти и средби помеѓу МПЦ и Цариград и дека наскоро тие односи помеѓу црквите и ќе се официјализирале. Митрополитот Преспанко-Пелагониски вели дека признавањето на една црква може да го направи само Вселенската патријаршија.

 

 

 

 

„Ние како црква сме секогаш добронамерни и никогаш не сме постапиле спротивно на каноните божји. Сме трпеливи, сме човекољубиви и правиме се согласно каноните без да се приклонуваме кон било која црква, која сака на поинаков начин да се здобие со афтокефалноста ние тоа го очекуваме согласно со светите канони и го очекуваме тоа да дојде од таму од каде што и доаѓало досега по Вселенските собори признавањето на афтокефалноста, а тоа е Цариградската Патријаршија“, изјави Владиката Петар, Митрополит Преспанско-Пелагониски.

 

Засега сеуште нема официјален одговор од страна на Руската православна црква за чекорот кој го направи Вселенската патријаршија. Со изјава се јави единствено портпаролот на РПЦ кој рече дека после ова се поизвесно е дека Москва ќе ги прекине односите со Константинопол, затоа што со принавањето на Украинската црква се нарушиле каноните. Официјален одговор од страна на Московската патријаршија се очекува да дојде по состанокот на Светиот синод на РПЦ, кој ќе се одржи за 2 дена во Минск. Митрополитот Петар не сакаше да даде конкретен одговор каква ќе биде реакцијата на официјална Москва, но се надевал дека ќе преовладее разумот и дека нема да дојде до раскол во Православието.

 

„Не сакаме да навлегуваме во тоа какви се односите на другите цркви, а веруваме дека се мудри и двајцата ерарси и на Вселенската патријаршија ии на РПЦ, едната која е првопрестолна, а другата која е по бројност најголема. И мудроста се надевам дека ќе преовладее и дека сето ќе заврши Богоугодно, односно дека ќе се најде начин и решение за да се измират страните кои се во недоразбирање“, додаде Владиката Петар, Митрополит Преспанско-Пелагониски.

 

Но според поголемиот дел од аналитичарите оваа одлука на Цариград со сигурност ќе донесе голем потрес и поделби во православниот свет. Свое влијание секако тука има битката меѓу Истокот и Западот, чии копја се кршат во Украина, а својата доминација Западот очигледно сака да ја покаже и во Македонија. МПЦ пак очигледно ја избра страната позади која ќе застане.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien