ВИДЕО – Се освети манастирот кој 11 години го градеа браќата Никола и Љубе Спиркоски од Прилеп

После 11 години секојдневна работа, денеска се оствари сонот на браќата Никола и Љубе Спиркоски од Прилеп. Се освети манастирот „Покров на Пресвета Богородица“ во близина на Прилеп кој тие двајцата со мала помош од други лица го граделе буквално секој ден, 11 години, тула по тула, камен по камен, со свои средства и дел донации од жителите и неколку фирми. Манастирот започнала да го гради нивна братучеда во 2002 година, а во 2007 им го предале аманетот кој и дошол на сон.

 

 

 

 

„Имаме ние тука лозја и на сон и дошло под вашето лозје да се изгради црква. Се чувствуваме денеска одлично. Да се направи целото ова здание што го гледате само со 4 раце не е лесно. Цигла во цигла е качувано, ѓерамида по ѓерамида, по скали на раце е кревано се, со јажина носено“, вели Никола Спиркоски, градител на манастирот.

 

Утре е главната манастирска слава „Покров на Пресвета Богородица“, а другата слава им е „Свети Трифун“. За многу брзо во манастирот ќе може и да се спие. Инаку се започнало од овој мал параклис кој во 2002 година бил подигнат на ова место.

 

 

„После осветувањето може секој ден да има служба. Исто и венчавки и крштевки. Ќе биде постојано отворен за народот, кој кога сака ќе може да дојде, собите за спијање ќе бидат готови за брзо време“, рече Љубе Спиркоски, градител на манастирот.

 

Инаку ова е единствениот манастир во Македонија кој го носи името на „Покров на Пресвета Богородица“.

 

 

КОМПЛЕТНО ВИДЕО ОД ОСВЕТУВАЊЕТО НА ЦРКВАТА „ПОКРОВ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ КАЈ МЕСНОСТА ЧАЛМА КАЈ ПРИЛЕП :

 

 

 

 

ИЗЈАВИ ОД БРАЌАТА НИКОЛА И ЉУБЕ СПИРКОСКИ, ГРАДИТЕЛИ НА МАНАСТИРОТ :

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien