ВИДЕО – Авто слалом трка од Државниот шампионат на Македонија во центарот на Прилеп

Во Прилеп денеска се одржа втората трка од Државниот шампионат на Македонија во авто слалом „Прилеп 11 –ти Октомври 2018“. Натпреварот се одржа во центарот на градот, на булеварот „Гоце Делчев“, на потегот од раскрсницата пред ЦК „Марко Цепенков“ до кружниот тек пред Основниот суд. Должината на патеката изнесуваше 1.200 метра, а учесниците се натпреваруваа во 5 класи: возила до 1.600 ццм, возила над 1.600 ццм, спортски возила до 1.600 ццм, спортски возила над 1.600 ццм и возила со турбо.

 

 

 

 

Организаторите рекоа дека за учество на трката, секој од возачите треба да исполнува одредени критериуми: да поседува важечка возачка дозвола, сообраќајна книшка за возилото, животно осигурување за авто натпревар и лиценца за слалом или натпреварувачка лиценца издадена од Автомобилската федерација на Македонија.

 

На трката учествуваа 27 натпреварувачи од повеќе градови од нашата држава, а најдобрите учесници од државното првенство се бодуваат за шампионатот во 2018 година. Натпреварот беше во организација на Авто картинг клубот „Скопје“ а со поддршка на Општина Прилеп и истиот во градот под Марковите кули се одржа после пауза од 7 години.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien