Воена вежба „Македонски блесок 14″

На армискиот полигон Кривлак од денеска до 20-ти овој месец ќе се одржи воената вежба „Македонски блесок 4“.

 

Целта на вежбата е преку самооценување, согласно НАТО оперативните способности, да се демонстрира нивото на борбена готовност на дел од декларираните единици на АРМ – декларирана чета на воена полиција и капацитетите за поддршка на операциите водени од НАТО.

 

Во рамки на „Македонски блесок 14“ ќе се изврши увид во армиските можности за структурирање, функционирање и оспособеност на декларираната Копнена маневарска болница (КМБ), да одговори на побарувањата за претстојното НАТО медицинско оценување.

 

На вежбата „Македонски блесок 14“ треба да се изврши НАТО преоценување на „ниво 2“ на декларираната чета на Воената полиција, како и за првпат внатрешно медицинско оценување на декларираниот состав на Копнената Маневарска Болница со улога 2.

 

Декларираната чета на воената полиција е дел од силите на Концептот на оперативна способност на НАТО, и како негов составен дел подлежи на валоризација на своите персонални и материјални капацитети согласно НАТО стандардите.

 

Во 2015 година, единицата ја потврди оспособеноста за рамноправно учество во операции за поддршка на мирот, а на оваа вежба ќе се стреми да ја потврди  борбената готовност и со тоа по вторпат да го покаже професионализмот, што е неодвоив дел од функционирањето на единицата, појаснуваат армиски претставници.

 

Во рамки на воената вежба „Македонски Блесок 14“ на Криволак на 18 октомври ќе се реализира Отворен ден, додека на 19-ти ќе има Ден за високи гости, на кој ќе бидат присутни високи национални воено-политички претставници.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien