Дибиров со вториот најдобар гол во ЛШ, Милосављев меѓу најдобрите одбрани

Двајцата ракометари на Вардар се најдоа на ТОП листите на ракометната Лига на шампиони. Иако нашиот првак го доживеа премиерниот пораз во елитното натпреварување на гостувањето кај Кјелце, имињата на Тимур Дибиров и голманот Дејан Милосављев се најдоа помеѓу најатрактивните голови, односно одбрани.

 

Дибиров го има вториот најатрактивен гол, откако шутираше од речиси мртов агол од неговата крилна позиција, но успеа на магичен начин да реализира низ нозете на голманот Владимир Цупара.

 

 

Голманот Дејан Милосављев повторно се најде во изборот на ЕХФ и ја има петтата најдобра одбрана. Србинот успеа да му одбрани удар од шест метри на Арцем Каралек и тоа со прекрасна интервенција. Милосављев натпреварот го заврши со 11 интервенции.

 

Најдобрите 5 одбрани може да ги погледнете тука.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien