Започна седницата за уставни измени

Собранието ја започна 61. седница на која ќе се расправа за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за негово изменување и дополнување поднесен од Владата.

 

Пред почетокот на расправата, Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ побара точката да биде тргната од дневен ред, бидејќи како што рече Владата нема ниту изборен ниту референдумски легитимитет да предлага уставни измени.

 

За неговиот прелдог гласаа 39 пратеници, а 67 беа против. Потоа пратениците го изгласаа дневниот ред со единствена точка.

 

На седницат е присутен и екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

 

На матичната собраниска Комисија за уставни прашања во петокот по дводневна расправа, беа донесени заклучоци за пристапување кон уставни измени и Владата во рок од 15 дена да изготви нацрт-аманадмани и да ги достави до Парламентот. Поддршка за пристапување кон измените на Уставот дадоа пратеници на владејачкото мнозинство, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien