Леванте со нов договор за Барди

Еден од најдобрите македонски фудбалер Енис Барди на фантастичен начин ја започна и втората сезона во дресот на шпански Леванте.  Во таборот на шпанскиот клуб со нетрпение го очекуваат враќањето на Барди назад во Шпанија од репрезентативните обврски, со оглед на најавите дека „експертот за слободни удари“ најдоцна во следните десет дена ќе потпише нов договор со својот клуб.

 

Актуелниот договор на Барди е со клаузула од 25 милиони евра, а токму тоа е причината поради која челниците на Леванте реагираа за час поскоро да го „врзат“ македонскиот репрезентативец на подолг рок. Новиот договор го задржува Барди до 2022 година и ќе има клаузула од 50 милиони евра, сума со која клубот од Валенсија се надева дека ќе ги оддалечи сите клубови кои досега покажуваа интерес за да го доведат Македонецот во своите редови.

Севилја беше клубот што во последниот период покажа сериозен интерес за ангажман на Барди, особено по најавите дека Унаи Емери планира да го доведе Евер Банега во Арсенал. Сепак, тешко е за верување дека клубот од Андалузија ќе плати 50 милиони за македонскиот интернационалец, исто како и останатите тимови што претходно најавуваа офанзива за ангажман на нашиот интернационалец.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien