Прилепско бебе се роди на ист датум и на ист ден како неговиот татко и дедо

Прилепско бебе се родило на ист датум како и својот татко и дедо, во болницата “Аrrowe Park” во Ливерпул.

 

Филип Павлоски (34), по професија физикален терепевт и по потекло од Прилеп, пријатно ги изненадил вработените во болницата, кога им објаснил дека неговиот син Кристофер се родил во ист ден и на ист датум со него (сабота, 6 октомври 1984), но и со неговиот татко Киро (роден во сабота на 6 октомври 1956 година).

 

„Очекувавме детето да се роди на први октомври, и си реков супер тоа е пред мојот роденден, но на крајот исходот беше малку поинаков“, рекол Филип.

 

Тамошниот локален портал „Ливерпул Ехо“ напиша дека станува збор за вистинско чудо и дека такво совпаѓање се случува со веројатност 1:48 милиони.

 

 

Она што е уште поинтересно е дека сопругата на Филип, Цветомира (31) по потекло од Бугарија, кажала дека и нејзината сестра е исто така родена на 6 октомври 1983 година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien