Шише вино продадено за рекордни 558.000 долари

Шише вино „Romanee-Conti“ од 1945 година е продадено на аукција на Сотбис во Њујорк за рекордни 558.000 долари, што претставува нов светски рекорд. Крајната цена е 17 пати повисока од првичната понуда од 32.000 долари, соопштија од аукциската куќа.

 

Romanee-Conti е најпознатото вина од француската област Бургундија, а продаденото шише е едно од 600. примероци произведени таа година.

 

Досега рекордот го држеше шишето вино „Chateau Lafite Rothschild” од 1869 година, кое е продадено за 233.000 долари на наддавање во Хонк Конг во 2010 година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien