ВИДЕО – Тодороски : Се инвестира во сите градинки, хигиената е на високо ниво, раководителот со вишо образование е сменет

Јавната општинска установа за деца Детска градинка „Наша иднина“ е максимално посветена на зголемување на капацитетите и подобрување на условите во постојните градинки во општина Прилеп. Истакна на денешната прес конференција в.д. директорот на градинките „Наша Иднина“ во Прилеп, Орце Тодоровски.

 

 

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Во текот на изминатата година, на еден крајно транспарентен начин, во повеќе наврати ја информиравме јавноста за активностите на нашата институција. Затоа, изненадени сме од обидот на опозициската партија да го девалвира трудот на вработените во прилепските градинки, но и заложбите на локалната самоуправа и градоначалникот Илија Јованоски.

 

Во оваа прилика, уште еднаш ќе потсетам дека за време на мојот мандат отворена е нова  градинка во објектот на основното училиште „Рампо Левката“. Извршени се зафати за реновирање на речиси сите објекти на Детската градинка „Наша иднина“. Овде сакам да истакнам дека во градинакта „Гоце Делчев“ комплетно е сменета целокупната водоводна и електрична инсталација, купени се нови казани за готвење, а целата инвестиција во оваа градинка изнесува 690.000 денари.

 

Исто така сакам да истакнам дека прв пат после 35 години се инвестира и во градинката „Аличаир“. Таму комплетно се сменети дограмата и покривот, уредени се дворот и оградата, а молерисани се и сите простории. Покрај тоа, овде во градинката „Бончејца“ ја направивме ботаничката градина, чија цел првенствено имаше едукативен карактер.

 

Заедно со Општина Прилеп, Министерството за труд и социјална политика и други домашни и странски донатори, преземаме активности за изградба на две нови градинки. Едната од нив ќе биде сместена во целосно реновирани и адаптирани простории на Тутунски комбинат и истата ќе биде ставена во функција во следните неколку месеци.

 

Другата градинка ќе биде комплетно нова, ќе се гради во населбата „Точила“. Крајниот рок за нејзина изградба е септември 2020 година. На тој начин, значително ќе ја намалиме листата со деца кои чекаат да бидат згрижени во некоја од нашите градинки и во догледно време, еднаш засекогаш ќе го решиме овој проблем.

 

Во моментов, вкупниот број на деца кои ги користат нашите услуги изнесува 1.460, за кои се грижат 158 вработени. За хигиената во нашите објекти се грижат 25 лица со претходно положен испит во акредитирана фирма, кои во работата ги користат пропишаните антибактериски и антисептични средства.

 

Според извршениот инспекциски надзор од Центарот за јавно здравје и Агенцијата аз храна и ветеринарство, исполнети се сите хигиенотехнички норми и стандарди за заштита на деца од претшколска возраст. Конечно, сакам да нагласам дека со инсталирање на видео надзор ја зголемивме и безбедноста во дел од нашите објекти“, истакна на прес конференцијата в.д. директорот Орце Тодоровски.

 

Тодороски истакна дека бројот на хигиеничари не бил намален, туку бил зголемен. Пред 19 години во градинката имало вработено по 4 хигиеничари, сега бииле по 6 хигиеничари. Немало ниту еден хигиеничар избркано туку истите биле прераспределени и сите биле на своиите работни места.

 

„Денеска е сменет и раководителот на градинката „Бончејца“ кој немаше соодветно образование и поставен е нов раководител со високо образование. Претходниот беше со вишо. Ние секој вторник и четврток правиме генералка. Јас кажав дека користиме антибактериски средства и антисептици. Тие се многу скапи за миење на рацете. Поставивме и видео надзор. Ме обвинуваат дека немало безбедност во градинките. Имаме и две агенции кои се грижат по 24 часа на ден со видео надзор. Прв пат инсталираме 3 камери во градинката Бончејца, во градинката Аличаир имаме надзор со аларм, ангажирани се 2 агенции МК и Питон. Ние за безбедноста се грижиме од 2.30 до 9.30 часот, толку министертсвото налага со стражарите. А после тоа имаме видео надзор“, рече Тодоровски.

 

На 1 јануари оваа година во градинките имало примено 791 дете и биле 126 вработени, а сега имало 1.460 деца и 158 вработени.

 

„Не обвинуваат дека биле преполни групите , прв пат воведувам и трет извршител преку проект на УНДП. По закон ние сме нормирани да има васпиитач и негувател и толку. Бидејќи има повеќе деца ние воведуваме и трет извршител. Се бунат дека тиие лица немали лиценца. Точно така. Но тоа е и целта преку тој проект на УНДП. Луѓето  да се оспособат да им дадат сертификат за да можат да се вработат утре. Намерно е огласот без лиценца и работат само 4 часа и тие само учат и помагаат тоа што можат, како волонтери“, додаде Тодоровски.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien