Германската селекција е најлошата во 108-годишната историја

Германската фудбалска репрезентација се соочува со сериозна резултатска криза, а урива и неславни статистички рекорди. 2018 година ќе остане запаметена како најлошата година во историјата на германската фудбалска репрезентација, која во својата 108-годишна историја, никогаш немала толку слаби резултати.

 

Со поразот од Франција вчеравечер со 2-1, првпат во историјата Германија запиша шест последовни неуспеси во една календарска година. Пред Франција, тимот на Јоаким Лев губеше и од Бразил, Австрија, Јужна Кореја, Мексико и од Холандија.

 

На вкупно 11 натпревари, Германија победила само на три и тоа многу тесно, од по 2-1 против Саудиска Арабија и Перу на пријателски натпревари и против Шведска на Светското првенство во Русија. Момците на Јоаким Лев имаат и ужасна гол-разлика на овие 11 натпревари. Германија примила вкупно 15 голови, а постигнала само девет. Само на еден натпревар Германија ја сочувала својата мрежа годинава и тоа против Франција на домашен терен во првото коло од Лигата на нации.

 

До крајот од годината, Германците ќе се соочат со Русија и со Холандија и ако не ги победат „лалињата“, ќе бидат исфрлени од дивизијата А во Лигата на нации.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien