Нов лик на детските игралишта во населбите Варош, Точила и Типски куќи

Согласно Програмата за комунално уредување и поставување на урбана опрема на Општина Прилеп за 2018 година, фирмата „Прилепски Текстилен Конзорциум“ увоз–извоз ДООЕЛ Прилеп, работи на рехабилитирање на детските игралишта и спортските терени  во повеќе делови од градот, информираат од Општина Прилеп.

 

„Детските игралишта во населбите „Варош“, „Точила“ и „Типски“ добија нови подлоги, клупи, лизгалки и останати детски реквизити. Обележени се патеките на спортските игралишта, заменети се старите кошаркарски табли со нови, поставена е нова вештачка трева, а исто така е извршено и молерисување на постојните делови. Исто така, се работи на генерално чистење на населбите, а посебен акцент е ставен на просторот околу амфитеатарот во Варош, каде се обновени и  уништените клупи. Работите на терен ќе продолжат и понатаму. На ред се детските игралишта во населбите “Рид“ и „Димо Нареднико““, велат од Општина Прилеп.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien