Рецептот за вечна среќа споделен од најсреќниот човек на светот

Која е тајната на среќата? На ова вечно прашање одговор има Метју Ричардс, будистички свештеник и најсреќниот човек на светот, кој 50 години помина на Хималаите и таму го пронајде рецептот за вечна среќа.

 

Тој, започнал со ова негово патување кога имал 26 години, и од млад научник станал будистички свештеник што 5 декади учел како да биде среќен. Денес, дури и науката, поточно деталното истражување спроведено од Универзитетот во Висконсин, потврдува дека тој навистина е најсреќниот човек на светот.

 

Неговата моќ за контрола на умот остава без зборови, а неговиот мозок произведува низа гама-зраци (поврзани со свесноста, вниманието, учењето и памтењето), што никогаш порано не биле забележани во невронауката.

Па, ако го прашате него, тој ќе ви одговори дека всушност постојат само 5 едноставни совети да бидете среќни.

 

1. Не се грижете

 

„Не грижете се за ништо. Ако наидете на некои потешкотии и проблеми и ако за тоа постои решение, направете го. Ако не постои решение, нема смисла да се грижите затоа што така само ќе го зголемите проблемот. Опуштете се и размислете кои други корисни работи би можеле да ги правите. Најдете нов пат.“

2. Тренирајте за среќен живот

 

„Постојат многу фундаментални човечки квалитети што се исклучително важни за среќен, исполнет живот, како грижливоста, љубовта, добрината, внатрешната слобода и внатрешниот мир. Тие карактеристики не можете да ги подобрите без вежбање, а за вежбањето е потребно време.“

 

3. Пронајдете ја својата страст

 

„Кога имав 20 години, збунето ги барав вештините кои требаше да му дадат смисла на мојот живот. Но, во еден момент едноставно морате да се запрашате што е тоа што ви е навистина важно. Грчкиот писател Аристофан рекол дека образованието не е само полнење вазна, туку е и палење оган. И тој оган му дава смисла на животот. Иако не секогаш е онаму каде што мислите дека би требало да биде. Постои некоја област, и вештини што ќе ве исполнат и ќе ве инспирираат. Барајте го тоа што е потребно за да го постигнете тоа што го сакате.“

 

4. Посакувајте им среќа на сите

 

„Бидете алтруисти и посакувајте им среќа на сите луѓе што ги среќавате. Зошто би исклучиле некого од ова? Да посакате некому среќа значи да сакате тој или таа да бидат сочувствителни и ослободени од патење, лутина, ароганција и нарцизам. Алтруизмот значи да го посакувате само најдоброто во луѓето.“

 

5. Помагајте им на другите

 

„Каде и да одам, одам со цел да помогнам некому. Зошто инаку би одел некаде и би патувал? Совршено ми е онаму каде што живеам, на Хималаите. Па кога ќе се симнам од таму, сакам да помогнам. Иако секое заминување од дома би ми било губење на времето.“

 

Погледнете го и видеото каде што најсреќниот човек на светот ги споделува своите безвремени совети…

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien