Затворот Гвантанамо ќе работи уште најмалку 25 години

Затворот Гвантанамо, во кој се наоѓаат главно затвореници обвинети дека учествувале во нападите на 11 септември 2001 година во САД, може да остане отворен уште најмалку 25 години.

 

„Мора да обезбедиме дека нашиот комплекс може да издржи уште 25 години“, им кажа на новинарите адмиралот Џон Ринг, кој управува со контроверзната воена база.

 

Трамп на крајот на јануари реши да го остави затворот Гвантанамо во функција, прекинувајќи ги целосно повеќекратните обиди на неговиот претходник Барак Обама да ја затвори локацијата, која е под постојани напади на активистите за човекови права бидејќи на тамошните затвореници не им судат цивилни судови туку воени комисии.

 

Поради тоа американската војска го модернизираше Гвантанамо за го адаптира за поугоден живот на сè постарите затвореници во овој озогласен комплекс.

 

„Многу размислувавме за тоа како да го подготвиме сместувањето на постарите затвореници и за инфраструктурата која ќе биде потребна за да биде безбедно и хумано“, изјави Ен Леанос, вработена во затворот.

 

Посебен медицински центар, теретана, сала за операции, се само дел од новините.

 

Затворот Гвантанамо беше отворен во 2002, набрзо по апсењата на првите џихадисти во рамки на американската воена интервенција во Авганистан, по нападот на 11 септември 2001.

 

Најстариот затвореник од вкупно 40 затвореници во Гвантанамо има 71 година, а најмладиот 37. Просечната возраст е 46 години. САД ги сметаат овие луѓе за преопасни.

 

Од отворањето во 2002 година досега умреле 9 затвореници од кои 7 се самоубиле. Еден затвореник починал од рак, а друг од срцев удар.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien