Концерти на КУД „Мирче Ацев“ и КУД „Моминок“ во Прилеп

КУД „Мирче Ацев“ во петок 19.10.2018 во 20.00 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе одржи концерт. На овој традиционален настап ќе се претстават сите членови на друштвото, кое ја негува фолклорната традиција веќе 77 години.

 

На програмата се повеќе ора од богатиот репертоар на друштвото, со што и овојпат ќе биде претставен македонскиот фолклор. КУД „Мирче Ацев“ настапувало на бројни фестивали во земјата и во странство, за што е добитник на повеќе награди и признанија.

 

 

 

Во сабота пак КУД „Моминок“ со почеток во 20.00 часот во големата сала на ЦК „Марко Цепенков“ ќе одржи целовечерен концерт на кој играорците ќе го презентираат богатиот македонски фолклор.

 

Гости на вечерта се КУД „Трнова“ – Угљевиќ  и КУД„Којчиновац“ од Пучиле, Бјелина и двете од БиХ.

 

КУД „Моминок“ е формирано во 2003 година, работејќи години наназад под покровителство на ЦК „Марко Цепенков“, настапувало на бројни фолклорни фестивали, манифестации, собири низ Македонија и во странство, на тој начин презентирајќи го богатиот македонски фолклор.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien