Лопетеги „виси“ во Реал – Конте ќе биде неговиот наследник

Челниците на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал Мадрид, веќе се незадоволни од работата на новиот тренер, Хулиен Лопетеги. Под водство на поранешниот селектор на Шпанија, “кралскиот клуб” бележи променливи резултати, а на последните четири натпревари, Реал не забележа победа и не постигна ниту еден погодок.

 

Шпанските медиуми открија дека веќе е вклучен алармот на “Сантијаго Бернабеу” и веќе е започната потрагата по наследникот на Лопетеги. Ако им се верува на истите медиуми тогаш прв фаворит за тренерската функција е трофејниот италијански стручњак, Антонио Конте.

 

Саботниот дуел со Леванте е меч на кој дефинитивно мора да се победи, но во секој случај клучен ќе биде резултатот на „Ел Класико“ наредниот викенд. Како што објавија неколку шпански медиуми, пораз од Барса на „Камп ноу“ ќе значи и дефинитивен отказ на Лопетеги, по што прашање на ден ќе биде кога Конте и дефинитивно би пристигнал на „Сантијаго Бернабеу“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien