Тотенхем се вклучи во трката по Елиф Елмас

Елиф Елмас продолжува да привлекува интерес од врвни европски клубови, а англиските премиерлигаши Тотенхем и Манчестер Сити се најновите клубови кои што почнаа разговори со Фенербахче за да го доведат македонскиот „бисер“ во своите редови.

 

Според турските медиуми, во моментов во трка за потписот на Елмас се Тотнем, Манчестер сити и Севилја, но Фенербахче нема лесно да се откаже од македонскиот фудбалер. Турскиот клуб нема планови за продажба на Елмас во јануарскиот преоден рок, но се верува дека голема понуда може да ги предомисли.

 

 

Елмас е една од ретките светли точки во Фенербахче кој оваа сезона не игра според очекувањата и се наоѓа на 15-тата позиција на табелата. Елмас под водство на Коку има првотимски статус иако има само 19 години.

 

Како најзаинтересиран за неговите услуги се чини е Тотенхем, поради фактот што Муса Дембеле веќе најави заминување по крајот на сезоната како слободен играч, па Покетино размислува да доведе млад, талентиран играч, кој ќе се вклопи во неговата филозифија, а токму таков е Елмас.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien