Санадер осуден на две ипол години казна затвор за воено профитерство

Поранешниот хрватски премиер и претседател на ХДЗ, Иво Санадер денеска беше осуден на 2,5 години затвор поради воено профитерство.

 

„Од 1994 до 1995 година за време на татковинската војна во време на висока инфлација, владата тешко наоѓала банки кај кои би се задолжила. Како преговарач со Хипо банка за купување на зграда за амбасада, наместо да делува во интерес на Хрватска, а со намера прибавување имотна корист за себе, договорил Хипо банка да му исплати како противуслуга, пет отсто од договорениот заем од седум милиони шилизни“, рече судијката Јасна Галешиќ при изрекување на пресудата.

 

Според зборовите на судијата, Санадер ја искористил својота положба и ги извршил делата злоупотреба на службената положба и воено профитерство. Осуден е на две години и шест месеци затвор, а времето кое го поминал во притвор ќе биде пресметано во казната. Исто така, Санадер мора да врати 3,6 милиони куни (околу 486.000 евра) во буџетот на Хрватска.

 

Оваа пресуда има преседанско значење бидејчи станува збор за прва пресуда за воено профитерсво, рекла Галешиќ.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien