Јованоски: Долгот на Општина Прилеп е нула денари

„Прв капитален проект на Општина Прилеп е вратениот долг кон добавувачите и доверителите во висина од 104 милиони денари. Долгот на Општина Прилеп е нула денари! За мене е задоволство што следната година ќе стартуваме од нула. Сите средства ќе бидат во оптек. Иако годинава се реализираа сите активности, ние ги вративме сите долгови“, рече градоначалникот Илија Јованоски, на денешната прес конференција на која што направи резиме за реализацијата на целокупната програма и сите активности на Општина Прилеп, во неговото едногодишно работење заедно со новата локална гарнитура.

 

Јованоски истакна дека сега имало нов амбиент и нови можности за работа во Општина Прилеп.

 

„Наследив долг од неполни 3 милиони евра. На примопредавањето ексградоначалникот Марјан Ристески не го потпиша записникот што го изготвија неговите претходни соработници, само од нему познати причини. Околу 60 милиони денари се долг кон Светска банка за изградба на влезниот булевар во Прилеп. А,околу 38 милиони денари се ризик од судски извршни решенија кон поранешни доверители. Кон доверителите Општина Прилеп беше задолжена околу 100 милиони денари. Овој долг е сега вратен. Наследивме два грешни и штетни проекти: училиштето во населбата „Сточен пазар“ и Градски стадион.

 

За првиот проект се потрошени 12 милиони денари. Училиштето е изградено во крајно непристојни услови, каде што нема пристапен пат, во ливада, каде што нема довод на струја, вода, ниту има одвод, а на растојание од 20-30 метри е градската река. Ова е налик на училиште и овде навистина на крај на памет треба да му биде на човек да помисли, а не да гради училиште. Ова не доликува на училиште каде што треба да учат деца во урбана средина.

 

За Градскиот стадион во Прилеп предвидени биле 28 милиони денари. Од нив 18 милиони денари за градежните работи и 10 милиони денари за челична покривна конструкција на северната трибина од стадионот. Поради незавршување на обврските од Договорот за рокот за изведба, го раскинавме Договорот со фирмата изведувач на градежните работи. Неопходна е нова статика на северната трибина, каде што требаше да се постави челичната конструкција за покривот. Потребно е ажурирање на подлогите и гео-механички нови испитувања, за да се реализира проектот законски и трибините да бидат безбедни за граѓаните. Сите овие активности се во тек. Прилеп и ФК „Победа“ заслужуваат да имаат Градски стадион и тој ќе биде изграден до средината на идната година“, рече градоначалникот Јованоски, посочувајќи на двата исклучително штетни проекти од претходната локална гарнитура.

 

Според Јованоски во наредниот период ќе се изграделе две нови градинки.

 

„Ја пуштивме во употреба детската градинка „Рампо Левката“ каде се згрижени 100-ина дечиња. Во тек е постапката за новата градинка што ќе се наоѓа во Тутунски Комбинат А.Д. Прилеп. Сега се работи тендерот за овој проект, што ќе биде реализиран за неколку месеци. Овде ќе бидат згрижени уште 100-ина дечиња. За другите, не повеќе од 300 дечиња ќе изградиме нова детска градинка во населбата „Точила“, која што ќе биде изградена до крајот на мојот мандат. Така што ќе биде решен проблемот со згрижување на дечињата од предшколска возраст, проблем со којшто се соочуваа и родителите. Изградивме Дневен центар за детска парализа. Овде се згрижени 25-30 дечиња. Има одлични услови, задоволни се и родителите. Следната година ќе направиме нешто повеќе за децата, за лицата со посебни потреби и со попречености“, истакна градоначалникот Јованоски.

 

Јованоски рече дека комплетно биле уредени детските игралишта во населбите: „Точила“, во типската населба и во „Варош“, а ќе се уредуваат игралиштата во населба „Димо Наредникот“ и населба „Рид“. Во населбата „Три багреми“ пак зајакнато било електро-напојувањето, тампониран бил патот и подобрено било водоснабдувањето, а обезбеден бил и јавен бесплатен превоз за учениците од оваа населба. До крајот на оваа градежна сезона, и овој пат ќе бил асфалтиран.

 

„Инфраструктурно во оваа сезона интервениравме на разни локации во градот. Се работи за рехабилитација, се тампонираат, се асфалтираат улиците, ставени се ивичници, се санираат и ударните дупки. Во текот на следната година, во градот нема да остане улица што не е асфалтирана. Онаку,каде што годинава се тампонирани, а улиците се сеуште без асфалт, тоа е затоа што таму се уште се прават пообемни интервенции со промена на старата азбестна и ставање на нова еколошка водоводна мрежа и затоа што не се решени имотно-правните односи. Затоа апелирам до сите граѓани, да го решиме овој проблем. Прилеп следната година ќе биде град без кал. Реконструирани се улиците: ,,Кеј 1-ви Мај“ во должина од 270 метри, ,,Кеј 9-ти Септември“, во должина од 310 метри и крак на оваа улица, во должина од 90метри. Извршена е реконструкција на ул.,,Бранко Секулоски“ во должина од 630 метри, а рехабилитиран е и дел од главната градска сообраќајна артерија, улицата „Александар Македонски“, додаде Јованоскии нагласувајќи дека тампониирани биле и повеќе улици во градот и населените места.

 

До сега во образованието биле вложени 20 милиони денари.  Во постапка била тендерската документација за гасификација за изградба на секундарна мрежа во Прилеп. Во тек биила набавка на противпожарно теренско возило преку Центарот за развој на Пелагонискиот-плански регион во висина од 100.000 евра. Објавен бил јавен оглас за идеен проект за уредување на речното корито над Градска река од населбата „Ѓогдере“ до населба „Сточен  пазар“.

 

„Во тек е изработка на проектна документација ,а објавен е и конкурс за изработка на идеен проект за нов театар во Прилеп во урбан блок 3.13. Оддвоени се општински пари во висина од 3 милиони денари за основен проект за новиот театар во Прилеп.  Во тек е промена на ДУП во населба „Точила“ и за нова детска градинка и за изградба на нов спортско-рекреативен центар што ќе се гради во нејзина близина. Оваа е алтернатива за ветениот проект за реконструкција на салата „Македонија“ во спортско-рекреативен центар. Финиширана е постапката за преземање за користење на имотот, но сепак во тек е се уште проверката на евентуални концесионери.Бидејќи од овој момент не знаеме дали би имало проблеми со реализацијата на проектот во овој објект, како алтернатива го подготуваме и проектот во населба „Точила“. Што значи ветеното ќе оствари, спортско-рекреативен центар ќе има во градот или во сала „Македонија“ или во населбата „Точила“, рече Јованоски.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи