Барселона со нов рекорд во Лигата на шампиони

Шпанска Барселона го победи Интер со 2-0 за да запише победа и без својата прва виолина Лионел Меси, а првиот гол за Каталонците го даде Рафиња, кој со погодокот се запиша во историјата на овој клуб како 78 фудбалер, кој постогнал гол во Лигата на шампионите, со што Барселона стана клубот со најмногу фудбалери кои се запишале на листата на стрелците откако е формирана Лигата на шампионите.

 

Барселона е петкратен европски првак, првиот трофеј го освои во 1992 година, а вистинската ренесанса клубот ја доживеа во последните 12 години, кога освои четири трофеи. И откако постои ребрендираниот ЛЕШ во ЛШ, дури 78 фудбалери постигнале барем по еден гол за Каталонците во елитното друштво. Ниту еден друг клуб нема толку различни стрелци во историјата како Каталонците.

 

Уште еден доказ за моќта на овој клуб и фактот дека тимот и клубот секогаш се на прво место, а не поединецот, со исклучок на врвните ѕвезди кои изминативе две децении играа од Ривалдо, Роналдињо, Меси…

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien