Европа ја повика Бугарија да спаси едно од најголемите комунистички ремек-дела

Се издигнува како летечки тањир на врвот на бугарска планина, Бузлуџа е бруталистички бетонски споменик подигнат пред 40 години во слава на комунизмот.

 

Необичната кружна зграда веќе две децении е препуштена на пропаѓање и вандализам откако Бугарија настојува да го заборави комунистичкото минато.

 

Но, западните стручњаци имаат друго мислење.

 

Структурата висока 70 метри направена е од 70.000 тони бетон, 3.000 тони армиран челик, 40 тони стакло и изгледа како да лебди на 1.440 метри надморска висина во средината на Бугарија.

 

Внатре има 40 метри широка свечена сала во која може да собере 400 луѓе. Од подот до покривот прекриена беше со мозаик кој ја прикажуваше историјата на бугарската комунистичка партија.

 

 

Отворен е во 1981 година, по падот на железната завеса, а сега е испразнет и оставен на забот на времето.

 

Последните години само најпустоловните странси туристи се одлучуваат да ја посетат, што ги натера месните власти да помислат дека треба да помислат на неа за да спречат некакава несреќа.

 

 

Стручњаците од организацијата за културно наследство „Европа Ностра“ ги повикаа бугарските власти да го спасат споменикот кој го сметаат за ремек-дело на архитектурата, изнженерството и уметноста.

 

За време на студената војна бугарските комунисти тврдеа дека црвената ѕвезда на врвот на кулата може да се види од Романија на север и од Грција на југ.

 

 

„Со својот бруталистички стил, тоа е изворно архитектонско постигнување на 20 век“, вели Лоран Леви-Штраус, челник на Европа Ностра и поранешен службеник во УНЕСКО.

 

За британскиот архитект Грахам Бел, Бузлуџа е неверојатна градба, многу впечатлива и сега многу тажна.

 

„Споменикот е дел од европското културно наследство, а поголемиот дел од Европа не знае дека постои“, вели Бел.

 

Во Европа Ностра уверени се дека зданието може да се спаси. Бараат итна акција да се запре пропаѓањето и да се прогласи за заштитен национален споменик за да се овозможи користење на ЕУ фондови за обнова.

 

„Добро е што Европа се грижи затоа што Бугарија очигледно нема слух“, велу 89-годишниот архитект Георги Стоилов.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien