ОО СДСМ Прилеп : Јалови се сите обиди на криминалната и антизападна ВМРО-ДПМНЕ да го спречи развојот на Прилеп

Локалните послушници на Мицкоски и долгогодишни следбеници на криминалните политики на Никола Груевски, не можат да се помират со фактот дека Општина Прилеп забрзано се развива. Велат во писмената реакција од ОО СДСМ Прилеп на пресот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Залудни се обидите на локалниот координатор на распаднатата ДПМНЕ, Петар Ристески, да ја манипулира прилепската јавност, затоа што само во изминатата година се сработи многу повеќе за општината и граѓаните, отколку во последниот 4 годишен мандат на екс градоначалникот Ристески.

 

Градоначалникот Јованоски согласно принципите на домаќинско и одговорно работење, стави крај на криминалните тендери и набавки, што беа симбол на владеењето на претходната гарнитура предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Новата локална власт предводена од СДСМ и Јованоски, целосно го врати долгот што општината го имаше кон доверителите и ја стабилизирана финансиската состојба и на општината и на Јавните комунални претпријатија.

 

Во изминатите неколку месеци се аслфалтирааа, рехабилитираа и тампонираа повеќе улици во градот и населените места, отколку во изминатите 4 години. Се вложуваат 800.000 евра за набавка на нови автобуси на метан за градскиот превоз, нешто што беше мисловна именка за криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Одвоени се 6.000.000 денари за проектирање на секундарната гасоводна мрежа во Прилеп. Се реновираат детските и спортските игралишта што беа заборавени со години, а подготвена е техничка документација за серија капитални проекти.

 

Изготвен е проектот за спортско – рекреативен центар и завршена постапката со превземањето на спортката сала „Македонија“, каде ќе биде изграден центарот. Заради сето ова, јалови се сите обиди на криминалната и антизападна ВМРО-ДПМНЕ да го спречи развојот на Општина Прилеп“, велат од ОО СДСМ Прилеп.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien