ВИДЕО – Награда за животно дело по повод празникот 3-ти Ноември за дуетот Селимова-Желчески

Наградата за животно дело Златна плакета, која се доделува по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, годинава оди во рацете на дуетот Кевсер Селимова-Ѓорѓи Желчески. Наградата им се доделува за достигнувања во промоција на македонската музика во светот.

 

Тоа е одлуката на Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, која покрај наградата за животно дело, додели и 5 плакети и 8 дипломи. На денешната прес конференција, претседателот на Комисијата, Тони Камчески ги соопшти имињата на добитниците на плакети и дипломи „3-ти Ноември“.

 

 

Со Третоноемвриски плакети се наградени:

 

  • Прилепскиот „Ротари клуб“, за придонес во заедницата со изразено хуманитарна активност;
  • Здружението „Ромска солза“, за посебен придонес кон општествениот интегритет на ромската заедница и другите маргинализирани групи;
  • „Центар за современа ликовна уметност“, за шестдецениското уметничко творештво и промоција на Прилеп низ делата на уметниците во земјата и странство;
  • Џудо клубот „Сеишин“, за достигнувања во областа на спортот и 15 годишнината од неговото постоење;
  • ПСЗ „Козјак“, кој 80 години придонесува во развојот на планинарството и планинарските спортови.

 

 

 

 

Добитници на Третоноемвриски дипломи се:

 

 

  • Рубин Белчески, за неговиот општествен ангажман во областа на историјата;
  • Владо Ѓорѓиески, за посебни достигнувања во медицината;
  • Димитрија Чучуроски, за посебен ангажман во занаетчиството и за одржувањето на Саат кулата;
  • Сузана Николоска, за достигнувања во областа на образованието и добиената награда за наставник на годината;
  • Драгомир Михајлоски-Пижа, за неговото творештво во областа на ликовната уметност;
  • Теодора Ристеска, за постигнувања во џудо спортот и освоените 15 медали во текот на последната година;
  • Снежана Паноска, за достигнувања во областа на литературата и пишаниот збор и објавените 3 збирки со поезија;
  • Валентина Пурдеска, за постигнатите резултати во карате спортот во последната година и во спремањето на кадри повеќе години наназад.

 

Како што потенцираше претседателот на Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, на објавениот конкурс за доделување на наградите „3-ти Ноември“, пристигнале 35 апликации, а сите награди биле доделени едногласно.

 

На годинешните лауреати, наградите ќе им бидат доделени на свечената седница на Советот на Општина Прилеп, која ќе се одржи во сабота, 3-ти ноември, во големата сала на ЦК „Марко Цепенков“.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien