Жедните американски војници ги пресушија исландските барови

Повеќе барови во центарот на Рејкјавик изминатиов викенд останаа без пиво, откако ги посетија американски морнари и маринци, кои на Исланд учествуваат во вежбите на НАТО.

 

Поради навалата на жедните припадници на американските вооружени сили, многу популарни угостителски локали на Исланд – „пресушиле“.

 

Речиси 7.000 морнари и маринци учествуваа во вежбите на Исланд, додека во земјата вкупно живеат 340.000 луѓе.

 

Инаку, американските војници попрво се определувале за локалните пива и притоа сакале да пробаат и домашни производи, но не ја одбивале ниту стандардната понуда од лагер баровите во Рекјавик, наведува американското списание “Stars and Stripes”, повикувајќи се на локалните медиуми.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien