ВИДЕО – Ристески : Јавното претпријатие за енергетика ќе биде наменето единствено за вработување на партиски послушници

Иако гасот во Прилеп ќе стигне дури за неколку години Општина Прилеп веќе формира јавно претпријатие за енергетика чија главна цел ќе биде подготвување на теренот за гасификацијата. Денеска се назначи и координатор на претпријатието. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека претпријатието ќе служи единствено за вдомување на партиски кадри.

 

 

„Ниту гасоводот е близу до Прилеп, ниту имаме потрошувачи приклучени и корисници на гас, се формира претпријатие. На прашањето на советниците од опозицијата, која е потребата за формирање на вакво претпријатие во моментов, не беше одговорено од почитуваните советници од владеачкото мнозинство, ниту од именуваниот директор кој треба да го формира ова претпријатие и органите на ова претпријатие. Беше кажано само дека се работи за лице Игор Спиркоски, со адреса и самиот како што наведе дека бил во роднински врски со градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски. Најверојатно да си во роднинска врска со градоначалникот е единствен критериум за да имаш раководна функција во јавните претпријатиа, да се вработиш во општината, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ како што претходно обвинуваше, се вработија тука во општината, вника на градоначалникот, братучеди, зетови, сега дојде и некој нов роднина од градоначалникот да биде назначен за директор на јавното претпријатие за енергетика. Ниту има потреба во овој момент од вакво претпријатие, единствена потреба е да се назначи директор и да се вработуваат партиски послушници, сè на штета на граѓаните на Општина Прилеп“,истакна Петар Ристески, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Ристески рече дека пред изборите Јованоски ветувал брда и долини, а сега од тоа останале само лажни ветувања.

 

„ Во изминатиот период, односно пред изборите, од страна на градоначалникот исто така беше најавувано дека ќе бидат ослободени од плаќање на паркинг, односно ќе воведе бесплатен паркинг во централното градско подрачје. Денеска гледаме дека јавното претпријатие за просторно планирање се фали со некои износи за блокатори и пајак службата како работела, наспроти ветувањето на градоначалникот за воведување на бесплатен паркинг. Значи очигледно е дека едно се зборува во опозиција, друго се прави кога се доаѓа на власт. Но ова е буквално лажење на граѓаните на Општина Прилеп“, рече Ристески.

 

Ристески истакна и тоа дека власта сакала да гии зголеми сметките за вода со донесување на цена за прочистителната станица од 17.80 денари по метар кубен.

 

„ВМРО-ДПМНЕ ова нема да го дозволи. Понатаму продолжуваме да работиме само во интерес на граѓаните и овде ова што делуваме, и денеска видовте се изборивме за одложување на неколку точки на дневен ред, кои исто така доколку се донесоа одлуки ќе беа на штета на граѓаните. Се работи за донесување на цена за прочистителната станица од 17.80 денари по метар кубен, што исто така граѓаните на Општи на Прилеп, понатаму, доколку се донесе оваа одлука, ќе го осетат на својот џеб. А градоначалникот ќе потсетам, пред изборите, ветуваше 20% пониски сметки за вода. Доколку оваа одлука помине и се донесе во иднина, граѓаните можат да очекуваат дека во едно просечно прилепско семејство ќе се плаќаат некаде околу 300 денари повеќе на сметката на вода. Што би се рекло 100% ќе се покачи сметката за вода“, додаде Ристески.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи