ВИДЕО – Поради пречистителната станица цената на водата во Прилеп поскапува за дополнителни 17,35 денари за метар кубен

Поради започнувањето на работа на пречистителната станица за третман на урбани отпадни води цената на водата во Прилеп, по предлог на ЈКП „Водовод и канализација“ цената на водата ќе поскапи за 17,35 денари по метар кубен. Според директорот на ЈКП „Водовод и Канализација“ Прилеп, Емил Јанески, ова било дел од четири патитниот договор склучен во 2008 година, потпишан од 4 страни, министерот за финансии Трајко Славески, министерот за животна средина и просторно планирање Неџат Јакупи, градоначалник на Општина Прилеп, Марјан Ристески и тогашниот директор на ЈКП „Водовод и канализација“, Методија Томески. Според кој договор се предвидувало „ВиК“ Прилеп да биде одговорна за секојдневно одржување и функционирање на станицата преку наплатена тарифа за отпадни води. Според Јанески не пораснувала цената на водните услуги, цената на водата останувала иста, цената на канализацијата останувала иста, само се воведувало цена за нова услуга, а тоа е пречистување на урбани отпадни води.

 

 

„Повикав да не се политизира ова прашање, да бидеме конструктивни и кон граѓаните и на тој начин да ги заштитиме нивните интереси и конструктивни кон ЈКП „Водовод и канализација“. Потврдив дека средствата за изградба на пречистителната станица се обезбедени во време на ВМРО-ДПМНЕ. На ФБ страната на поранешниот градоначалник, Марјан Ристески, барем 10-тина пати јас лично имам видено дека се фали со проектот пречистителна станица, но невозможно е и политикански е, ем да се фалите со проектот пречистителна станица, ем да не ја превземите обврската порадии тоа што ќе има дополнителна тарифа за пречистување на урбани отпадни води. Пречистителната станица сега само стасува. Завршена е со градба, изработен е техник ковер сертификатот, во тек се процедури за превземање на сопственоста од страна на Општината и со одлука на Совет нејзино предавање на ЈКП „Водовод и канализација“, рече Јанески.

 

Во 2016 година донесен е законот за утврдување на водни услуги, кој почнува да функциониира со одложена примена од 1 година. Со овој закон обврската за утврдување на цените на водните услуги сега ја има Регулаторната комисија за енергетика.

 

„Тарифата за снабдување со вода за пиење, според решението на Регулаторна комисија, просечната цена требаше да биде 29,69 денари, максималната 33,30 денари со што ќе се обезбеди целокупно непречено функционирање на претпријатието, а предлогот на ЈКП „Водовод и канализација“ беше 26,22 денари. Тарифата за собирање и одведување на урбани отпадни води за 2018 година просечната е 5,88 денари, 2019 година 7,96 денари, а 2020 година 8,17 денари. Максималната тарифа согласно решението на Регулаторната комисија е 7,70 денари, за 2019 година 11,69 денари, а за 2020 годиина 12,07 денари. ЈКП „Водовод и канализација“ со одлука на Управен достави предлог до градоначалникот цената со услугата собирање и одведување на урбани отпадни води да биде 5,38 денари за сите 3 години. За 2,5 денари пониска од максималната и за половина денар пониска од просечната тарифа. За услугата пак пречистување на урбани отпадни води решението на Регулаторна комисија за 2018 година просечната цена да биде 19,85 денари, за 2019 година 20,65 денари и за 2020 година 21,44 денари. Максималната цена за 2018 година да биде 25,41 денари, за 2019 година 26,66 денари, за 2020 година 27,56 денари. Предлогот на ЈКП „Водовод и канализација“ беше за сите 3 години цената да биде 17,35 денари. Што значи за 10 денари пониска од максималната тарифа, и 3 до 4 денари во зависност од година до година од просечната тарифа. За дополнително да потврдам дека беа изнесени лаги и манипулации вчера на прес конференцијата од страна на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески. Согласно законот за утврдување на цени на водните услуги. Доколку советот не ја изгласа цената препорачана од страна на ЈКП „Водовод и канализација“ при повторување на постапката тоа ќе го направи Регулаторната комисија за енергетика. Во тој случај ви тврдам дека цената во никој случај нема да биде ниту за денар пониска од просечната. Таа може да се движи во рамките на просечната и максималната цена. Ако сакаме навистина да им помогнеме на граѓаните и да функционира пречистителната станица изградена со пари од ЕУ најдобро е советничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ да ја усвојат цената предложена од ЈКП „Водовод и канализација““, рече Јанески.

 

 

Според Јанески ова не било желба на менаџерскиот тим на јавното комунално претпријатие или на управниот одбор или на градоначалникот туку пречистителната станица морала да биде превземена и морала да функционира.

 

„Наједноставно е така и не мислам дека е лошо да се прочистува или да се третира фекалната вода, напротив има поприлично позитивни работи, особено поврзани со здравјето и животот на луѓето. Пречистувањето значи од утре на прилепскиот пазар да видите земјоделски производи наводнувани со технички исправна вода, а не со фекална вода. Ненарушување на биодиверзитетот во реките. Лошо е што сакаат во исто време да ги имаат заслугите за изградбата на пречистителната станица, а некој друг е виновен што ќе има тарифа. Нашиот народ рекол две лубеници под иста мишка не се носат. Треба да им кажеме на граѓаните дека со пуштањето во функција на пречистителната станица ќе има нова тарифа, пречистување или третман на урбани отпадни води, согласно Законот за утврдување на цени на водни услуги“, кажа Јанески.

 

Во овој момент впишана била сопственоста во катастар на име на Република Македонија, се очекувало во наредниот период Владата на Република Македонија да донесе одлука со која што сопственоста на пречистителната станица ќе се префрли на Општина Прилеп и потоа со одлука на Совет, Општина Прилеп одржувањето и функционирањето да го додели на јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“.

 

„Овде обврска имаме наредните 12 години пречистителната станица да не прекине со работа ниту еден час. Во тој случај, при евентуална контрола од ЕУ, Владата на Република Македонија треба да издвои 17.5 милиони од буџетот на Република Македонија и да ги врати кон ИПА фондовите. Само за одржување на технолошкиот процес на пречистителната станица се потребни најмалку 18 вработени. Ако земите во предвид дека треба да има хигиеничари, стражари, хаусмајстори, бројот нема да биде под 29. 18-19 некаде се според физибилити студијата, предологот на Министерството за животна средина и предлогот на изведувачот. И ние сме целосно подготвени да ја превземеме пречистителната станица. Луѓето кои во моментот се во пречистителната станица имаат изработено договори со јавното комунално претпријатие, значи се водат во јавното комунално претпријатие како привремено вработени, заради зголемувањето на обемот на работа. Тоа не обврзува и самиот четирипартитен договор, ние сме крајниот корисник на пречистителната станица, од утре истите треба да добијат решенија за работен однос на неопределено време, меѓутоа да оставиме да дојде моментот кога со одлука на Совет пречистителната станица ќе ни биде дадена на одржување. Недонесувањето на одлуката, непревземањето од страна на Општината создава дополнителни проблеми. Вие не можете да ги набавите соодветните репроматеријали за функционирање на пречистителната станица, на пример реагенси кои се неопходни за одржување на микроорганизмите во биореакторот, а тие се пак од исклучително значење за самиот процес на прочистување на урбаната отпадна вода. Доколку овој процес на утврдување на тарифа, на преземање на пречистителната станица се пролонгира, во прашање ќе биде доведено функционирањето на самата пречистителна станица. Во овој момент луѓето кои што таму ја опслужуваат имаат договор со јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“. Другите трошоци поврзани со функционирањето ги плаќа изведувачот Џи-Пи Груп од Бугарија, а сметката на струја доаѓа до изведувачот и истиот ја препраќа до Министерството за финансии. Ете така се распределени трошоците во овој момент. Во оној момент кога ќе ја преземи јавното комунално претрпиајтие комплетно трошоците ќе бидат на јавното комунално претпријатие“, потенциираше Јанески.

 

 

Останува сега на домаќинставата уште да ја сепарираат атмосферската од фекалната канализација.Неофицијално имало желба околу овој процес да помогне и Општина Прилеп, но засега немало конкретна одлука.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien