Индија ја доби највисоката статуа во светот

Највисоката статуа на светот “Статуата на единството“ е лоцирана во градот Нармада во индиската држава Гуџарат.

 

Таа е подигната во чест на еден од главните херои на индиската независност. Висока 182 метри, оваа статуа го прикажува Сардара Валабхаи Патела, големиот индиски лидер, познат како Индискиот челик човек.

 

Тој одиграл клучна улога во независноста на Индија, и бил првиот министер за внатрешни работи и заменик-премиер на оваа земја.

 

Оваа импресивна конструкција е дизајнирана од архитектонската фирма на Мајкл Грејвс Архитектура и Дизајн, на неа ќе бидат изградени хотели, центар за посетители, спомен-градина, а посетителите ќе можат да се качат и во галерија која се наоѓа во висина на градите на статуата и ќе имаат поглед од 153 метри височина.

 

За изградбата на зданието беа потрошени 430 милиони долари, се градеше 33 месеци, а во изградбата учествуваа 250 инженери и 3400 работници.

 

Таа е речиси двојно повисока од Статуата на слободата во Њујорк (93 метри), додека на второто место по височина е Пролетната статуа на Буда во Кина (128 метри). Сепак, статуата на Пател наскоро ќе биде надмината од онаа посветена на кралот Шиваџи во индиската држава Махараштра, која треба да биде висока 190 метри.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien