Општина Прилеп: Формирањето на „Енерго Прилеп“ е основен услов за гасификацијата на Прилеп

Формирањето на Јавното претпријатие „Енерго Прилеп“ е еден од основните услови за реализација на капиталниот проект, гасификација на Прилеп. Навистина жалиме што опозициските советници од ВМРО-ДПМНЕ не смогнаа сила да ги надминат партиските интереси, реагираа од Општина Прилеп, на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

Согласно изборното ветување на градоначалникот Илија Јованоски за гасификација на градот, Општина Прилеп забрзано ги превзема сите неопходни чекори за практична имплементација на гасоводот на територијата на нашата општина.

Притоа, целосно свесни за огромното значење и бенефитите кои гасификацијата го носи за институциите, приватните стопански субјекти и граѓаните, беа оддржани неколку јавни средби во салата на Општина Прилеп со сите заинтересирани и засегнати страни, со цел да ги осознаеме нивните реални потреби од гасот, за да можеме правилно да се проектираат првите 20 километри од гасоводната мрежа во градот.

На тие средби, водејќи се од принципот на транспарентност и отвореност, градоначалникот и службите што работат на подготовките за гасификација, упатија јавен повик и отворена понуда до сите присутни,  да предложат специјализиран кадар што општината ќе го вклучи во самиот процес на гасификација на градот.

Формирањето на Јавното претпријатие „Енерго Прилеп“ е еден од основните услови за да биде практично реализиран овој капитален проект за општината и граѓаните.

Навистина жалиме што опозициските советници од ВМРО-ДПМНЕ, освен гола критика, не смогнаа сила да ги надминат партиските интереси и на вчерашната седница на Совет не го поддржаа овој капитален проект.

Очигледно интересите на граѓаните, не се во фокусот на опозицијата, но затоа мнозинството гласаше за гасификација на градот, што ќе донесе почиста животна средина, намалени сметки за греење на граѓаните и институциите, поевтино производство во стопанството и  можност за нови работни места.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien