СДСМ : ВМРО-ДПМНЕ Прилеп ги следи деструктивните антизападни политики на Мицкоски

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ, водејќи се од личните и теснопартиски интереси на вчерашната седница на Совет не ја поддржа гасификацијата на Општина  Прилеп. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Прилеп го следат деструктивното однесување на раководството на оваа антизападна партија и не поддржуваат проекти што носат добробит и директен бенефит за граѓаните. Истакнаа во писмената реакција од ОО на СДСМ Прилеп, која доаѓа по пресот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, во која тиие обвионија дека СДСМ единствено што работи е  вдомување на партиски кадри и послушници.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

„ВМРО-ДПМНЕ е против повеќе пари за граѓаните, против намалени сметки за греење, против поевтин енергенс за стопанството, против нови работни места. Но затоа, ВМРО-ДПМНЕ и нивниот антизападен пиун Мицкоски се ставаат во заштита на криминалите на Груевски.

 

Јавноста дозна како Мицкоски се стекнал со сопственоста на хидроцентралите  изатоа е јасна спрегата помеѓу него и криминалното владеење на Никола Груевски и фамилијата. Меѓутоа, ниту Мицкоски, ниту неговите локални послушници од ВМРО-ДПМНЕ, нема да го спречат развојот на Прилеп и Македонија.

 

Прилеп забрзано се развива, се подготвува за гасификација и работи на серија проекти за сигурна и извесна иднина со подобар и повисок животен стандард за сите граѓани“, велат од ОО СДСМ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien