Во Замбија пронајден смарагд вреден 2 и пол милиони долари

Огромeн и исклучително редок смарагд вреден 2,5 милиони долари беше пронајден во рудник во Замбија.

 

Станува збор за 5,655 каратен скапоцен камен тежок 1,1 килограм, кој е наречен Инкаламу, што значи „лав“ на локалниот јазик Бемба. Смарагдот го пронашле геологот Дебапри Ракшит и рударот Ричард Капета на 2. октомври во рудникот Кагем, кој е претежно во сопственост на компанијата „Гемфилдс“ со седиште во Лондон.

 

Имиња добиваат само најголемите и највредни скапоцени камења. Смарагдот Инсофру односно „слон“, пронајден во 2010 година имал 6,225 карати.

 

Инкаламу е речиси двојно поголем од најголемиот дијамант во светот, наречен Кулинан, пронајден во 1905 година во Јужна Африка.

 

Смарагдот ќе биде продаден на приватна аукција во Сингапур во овој месец, а 10 отсто од вкупниот износ ќе бидат донирани во проекти за заштита на дивите животни во Замбија и Мозамбик.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien