Жителите на градовите во Македонија дишат најзагаден воздух во Европа

За време на првата конференција за аерозагадување организирана од страна на Светската здравствена организација која се одржуваше од 30 октомври до 1 ноември беше објавено дека жителите на градовите во Македонија дишат најзагаден воздух во цела Европа.

 

Поточно, се најдовме на врвот на листата со воздух кој има највисоки дневни и годишни концентрации на ПМ10 и ПМ2,5 честички. Според истиот извештај на ЕУ за квалитетот на воздухот во Европа од 2018 година, ПМ2,5 честичките се виновни и за 3.000 прерани смртни случаи годишно во нашата држава.

 

„Како граѓанска организација која веќе 16 години работи во секторот животна средина во земјата и лично како жители на град Скопје, за нас овие бројки се трагични. Сметаме дека повеќе нема време да зборуваме и преговараме за какви и кои мерки би се преземале за да почнеме да ја менуваме оваа, која за властите се чини безизлезна ситуација. Од надлежните институции, во име на граѓаните на Скопје бараме нашето здравје да биде ставено највисоко на листата на приоритети кога се носат стратешки и плански документи како и закони и подзаконски акти. Информираме дека започнавме и онлајн петиција , собраните потписи ќе бидат доставени до Град Скопје и МЖСПП“, велат од организацијата „Еко свест“.

 

Екологистите предупредуваат дека несериозно се пристапува кон решавање на проблемот, особено од страна на политичарите.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien