Изложба на дела од членовите на ДЛУП

Во ликовниот салон од ЦК„Марко Цепенков“ вечерва се отворени изложба на дела од ДЛУП (Друштвото на ликовни уметници на Прилеп). На изложбата се изложени дела од уметниците Бојана Артиновска Трпческа, Василка Боцеска, Давид Атанасоски, Катерина Деспот, Миле Брцески, Ферди Булут, Драган Верговски – Алпи, Викторија Димеска, Емил Димоски, Павлинче Илијеска, Кристијан  Јованоски, Методија Јорданоски, Васил Костов, Христина Мазнеска, Лепа Милошевска, Драган Михајловски, Верче Николоска, Михајло Ристески, Емил Солески, Наде Тоскоска и Александар Џинго.

 

Изложбата ја отвори Ивана Атанасоска, етнолог и антрополог, која потсети дека 2018 година е плодна за ДЛУП.

 

„Годишната изложба на членовите на ДЛУП е заокружување на годината во која Друштвото реализираше повеќе самостојни и групни изложби“, рече Атанасоска.

 

На отворањето на присутните им се обрати и почесниот член на ДЛУП Викторија Димеска, историчар по уметност.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien