На поштадот „Александрија“ во Прилеп започнува турнирот во Bottle Flip

Утре, Сабота, 03-ти ноември, во Прилеп на камената бина на плоштадот „Александрија”,  со почеток во 12 часот како дел од предизвикот IceBottleChallenge.org, планирано е да се означи официјалниот старт на турнирот во Bottle Flip сезона есен/зима 2018/2019, под мотото „Инспирираме добри навики кај младите за фрлање на отпад во корпа преку игра забава и награди”. На настанот е предвидено да се поделат 1.000 бесплатни шишиња ИЗВOРСКА вода, 70 бесплатни маици, и бесплатни етикети кои треба да се залепат на пластичните шишиња а воедно е планирано и да се одигра првата Bottle Flip утакмица. Специјални гости ќе бидат звездите од YOUTUBE МАКЕДОНИЈА: IB, BAMBO, LordOfails.

 

„Со турнирот во Bottle Flip имаме за цел преку игра забава и награди да ги инспирираме младите на добри навики за фрлање на отпад во корпа, а со тоа истовремено да добиеме и почиста животна средина без чистење, вели Наумовски и додава: – За таа цел го изработивме првото едукативно видео кое може премиерно да го погледнете на следниов линк https://www.youtube.com/watch?v=o1SFIuDIzhE

 

Турнирот сезона есен/зима 2018 /2019 се планира да трае до февруари 2019. По завршувањето на турнирот, ќе биде прогласен шампионот кому ќе му биде доделен трофејот златно шише од 14-каратно злато, а големината на шишето и бројот на наградите ќе зависи од големината на сите донациии и поддршка.

 

„Од нас зависи колку ќе биде големо шишето од 14 каратно злато што ќе го добие шампионот како награда на Bottle Flip турнирот, затоа ве повикувам сите заедно да ги инспирираме младите да стекнуваат добри навики за фрлање на отпад во корпа а со тоа и за почиста животна средина. Секој кој сака да придонесе за повеќе награди во насока на инспириеање на младите да стекнуваат добри навики, може да го стори тоа преку повик на бројот 143 401 од мрежата на Македонски Телеком (повик 100 денари) или преку жиро сметката 200003334887443 во Стопанска банка АД Скопје на здружението за почист свет Ботал рисајкл дот орг од Прилеп“, додава Наумоски.

 

Трофејот ќе биде доделен на манифестацијата „Голден ботал авардс“ (Golden Bottle Awards) која се планира да се одржи кон крајот на февруари 2019 година, со што ќе се означи крајот на сезоната есен/зима и почетокот на новата сезона пролет/лето 2019

 

Ве покануваме и вие да замете учество во турнирот, да се пријавите на официјалната веб страна на www.IceBottleChallenge.org и да играте за шампионската титула.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien