На 1 декември пленарна седница за нацрт-амандманите за промена на Уставот

Нацрт-амандманите на Устaвот  се веќе пристигнати во Собранието. Претседателот на Собранието Талат Џафери, пленарната седница на која ќе бидат разгледани нацрт амандаманите ја закажа за 1 декември додека седницата на Комисијата за уставни прашања својата работа ќе ја започне на 7 ноември.

Според Деловникот претресот во Комисијата за уставни прашања и во Законодавно – правната комисија може да трае најмногу три работни дена по текстот на нацрт на секој амандман одделно, по што Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници односно со 61 глас, го утврдува нацртот на секој амандман на Уставот одделно.
Откако, Собранието ќе го утврди текстот на нацрт амандамните се отвора јавна дискусија.

Ова е втора фаза од процесот за промена на Уставот согласно Договорот од Преспа и треба да заврши со гласање на Парламентот за што е потребен 61 глас.

 

Во последната фаза од постапката за менување на Уставот, повторно е потребно двотретинско мнозинство. Според роковите, очекувањата се целиот процес на усвојување на уставните измени да заврши во втората половина на јануари 2019 година.

 

Измените на Уставот се очекува да стапат на сила откако грчкиот Парламент ќе го ратификува договорот помеѓу Македонија и Грција, како и откако Грција ќе го ратификува протоколот за пристап на Република Македонија во НАТО.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien