Телото на убиениот новинар Кашоги било растопено во киселина

Телото на убиениот новинар  Џамал ​​Кашоги било расцепкано на парчиња , а потоа растопено во киселина , соопштува советникот на турскиот претседател Ердоган.

 

,,Во овој степен на истрагата утврдивме дека не се задоволиле со тоа што го исекле телото на парчиња , туку се ослободиле од телото со разградување.” , вели Јасин Актај.

 

„Сакале да бидат сигурни дека од трупот нема да остане ниту трага. Убиството на невин човек е злосторство, а тоа што е направено со телото е второ злосторство и срам“, заклучува тој.

 

Пред точно еден месец Кашоги влегол во конзулатот за да извади документи за венчавка со турска државјанка и не излегол . Во конзулатот го пречекала група од 15 убијци од Саудиска Арабија , кои го задавиле , а потоа му го распарчиле трлото. Ријад уапси 18 лица , а Турција бара нивна екстрадиција.

 

Убијците истиот ден дошле во Турција и по неколку часа од убиството , се вратиле во Саудиска Арабија.

 

Саудиска Арабија ги негираше информациите дека  кралското семејство било вклучено во убиството и рекоа дека се „одлучни  да ги дознаат сите факти”.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien