Калиопи Букле со нова песна и видео запис, потпомогнато од Витаминка

Македонската естрадна ѕвезда Калиопи Букле ѝ го претстави на јавноста видео записот за својата нова песна наречена „Пресуда“. Во реализацијата на овој проект беше вклучена и Витаминка, како редовен поддржувач на музичката продукција. Целта на поддршката од Витаминка е заедничка успешна промоција на Витаминка и нејзините брендови, во Македонија и регионот.

 

„Пресуда“ е моќна балада полна со емоции, испеана на српско-хрватски јазик. Во видео записот, покрај македонската дива, се појавува и брендот Атлантис, како дел од сценографијата. Со оглед на фактот дека песната е наменета за повеќе пазари, со позиционираноста на брендовите Витаминка и Атлантис, дополнително ќе се промовираат производите на сите околни пазари.

 

Првичните реакции на песната од тимот што беше инволвиран во создавањето се навистина одлични и интензивни. Зад музиката, текстот и аранжманот стои потписот на текстописецот Ромео Грил, а видео записот е снимен во најголем дел во Градски парк во Скопје. Песната е снимена во ГМП студио во Базел, Швајцарија и Морис студио во Загреб, Хрватска, а песната ја снимале Дон Карло Џовани (Базел) и Филип Видовиќ (Загреб), кој стои и зад миксот и мастерингот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien