И годинава над 100.000 мигранти го преминале Медитеранот на пат кон Европа

Facebook
Twitter
Email
Print

Бројот на мигранти кои го преминале Медитеранот за да стигнат до Европа годинава се зголеми на околу 100.600 луѓе, објави денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

 

„Ова ја прави 2018 петта година по ред, во која пристигнувањата се над бројката од 100.000 мигранти“, соопшти организацијата на ОН во Женева.

 

Сепак, бројот е значително помал од минатата година, кога во истиот период од јануари до почетокот на ноември до јужните европски брегови стигнале околу 154.800 луѓе.

 

Шпанија примила речиси половина од сите мигранти годинава, со што ја замени Италија како главна дестинација.

 

„Од почетокот на годинава најмалку 1.989 луѓе ги загубија своите животи обидувајќи се да го преминат Средоземното Море“, соопшти ИОМ.

 

Во регионот на источниот медитеран меѓу Турција и Грција, една четвртина од смртните случаи биле деца.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи