Спречен план за атентат на претседателот на Франција

Facebook
Twitter
Email
Print

Француските безбедносни служби уапсиле шест лица во рамки на прелиминарната истрага под сомнение дека планирале напад на претседателот на Франција, Емануел Макрон.

 

Ројтерс пренесува, повикувајќи се на извор близок до истрагата, дека уапсените се сомничат дека имале „непрецизен и недоволно разработен“ план за изведување „насилни акции“ против Макрон.

 

Францускиот канал BFM ТВ претходно објави дека шест членови на француската ултрадесница се уапсени како дел од истрагата поради заканите кои тие ги упатиле кон претседателот на оваа земја.

 

Агенцијата наведува дека апсењата се вршат во три различни региони, а исто така и наведуваат дека сè уште не е познато каква е врската меѓу уапсените и како тие стапувале во контакт еден со друг.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи