Препорака за одземање на мандатот на Груевски

Комисијата за мандатно имунитетни прашања со мнозинство гласови му препорача на Собранието да му го одземе мандатот на пратеникот Никола Груевски, врз основа на добиено известување од судот дека пратеникот е осуден на две годни затвор. „За“ гласаа пет члена на Комисијата од парламентарното мнозинство.

 

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ ја напуштија Комисијата. Пратеникот Трајко Вељаноски рече дека се работи за монтиран политички процес.

 

Сашо Василевски од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ пак кажа дека тие ќе гласаат против одземање на мандатот на Груевски.

 

Извештајот и одлуката на комисијата ќе биде пратена до претседателот на Собранието Талат Џафери, кој според Деловникот треба да ја стави одлуката на наредната собраниската седница.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien