Прилепчаните Мери Мирческа и Александар Стојкоски ќе трчаат на Мон Блан

Младите прилепчани, Мери Мирческа и Александар Стојкоски, ќе ги претставуваат Прилеп и Македонија на најпрестижната светска трка во планинско трчање во Шамони, Франција, во подножјето на „покривот“ на Европа, Мон Блан.

 

Трката што ќе се одржи на 30. aвгуст 2019 година, е во должина од 171 километри и во организацијана Меѓународната Асоцијација за Трчање во Планина (ITRA).

 

Инаку, во изминатите три години Мирческа и Стојкоски имаат учествувано на повеќе трки во земјава и странство, со што се стекнале со доволен број на поени за учество на трката UTMB(Ultra Trail du Mont Blanc)во Шамони, Франција.

 

Мери Мирческа и Александар Стојкоски, се добитници на Третоноемвриска награда за спортски достигнувања последователно во 2016 и 2017 година. Двајцата се рангирани како најдобри планински тркачи во Македонија, соодветно во женска и машка категорија со највисоко ниво на поени.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien