Нов закон за возила – еколошки налепници и субвенции за ново возило

На последната седница на Владата на Република Македонија на предлог на Министерството за економија усвоени се измени за дополнување на законот за возила.

 

Со овие измени се предвидува:

 

Прв новитет: Воведување на налепници за секое возило кое учествува во сообраќајот, согласно еколошките стандарди

 

Зелена боја (I категорија): Возила со европски емисиони стандарди  ЕУРО 5 и ЕУРО 6, како и возила со емисија на издувни гасови ЕУРО 4, на кои е вграден уред на течен нафтен гас или компримиран земјен гас, хибридни возила и електрични возила. Тие слободно ќе се движат во заштитените еколошки зони дури и при енормно загадување на воздухот во градските средини.

Жолта боја (II категорија): ЕУРО 3 и ЕУРО 4, како и возилата со емисија на издувни гасови ЕУРО 2 на кои е вграден уред за погон на течен нафтен гас или  погон на компримиран земјен гас. Тие ќе има ограничено движење во сообраќајот, во зависност од Одлуките донесени од општините, односно од град Скопје во деновите кога ќе се утврди надминување на прагот на загаденоста .

Црвена боја (III категорија): Од ЕУРО 2 и пониско, како и возилата за кои производителот нема дефинирано емисија на издувните гасови. За нив ќе се воведе забрана за движење во општините во период кога има загадување на воздухот.

Целта од воведувањето на еколошката налепница согласно одредбите на Законот за возила е да придонесе во заштитата на животната средина и здравјето на луѓето во урбаните средини.

 

Втор новитет: Воведување субвенции за купување на возило на електричен погон или хибридно возило.

 

Трет новитет: Воведување субвенционирање на трошоци за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во постоечките возила.

 

Четврт новитет: Воведување субвенции за купување на нови возила, со одјава на старо возило. Со ова ќе се зголеми увозот на нови возила во однос на половните, со што значително ќе се забрза обновата на возниот парк.

 

Петти новитет: Претставува одговор на барањето на здруженијата за авто-такси превоз – воведување на жолти таблици за такси возилата, со цел да се постигне ред во такси превозот и да се спречи нелојалната конкуренција во оваа дејност преку забрана за вршење на нерегистрирана дејност.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien