ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ: Наместо неосновани критики, пофалете се со реализација на барем еден ваш значаен проект

Примарната селекција со која секојдневно се фалите 90% беше реализирана во наше време. Во недостиг на идеи и реализација на нови проекти, постојано се навраќате во времето на ВМРО-ДПМНЕ кога беа направени големи инвестиции и неосновано критикувате. И наместо да се фалите колку добро менаџирате, реализирајте барем еден значаен проект за Прилеп, изјавија денес на прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

В.Д. директорот на Комуналец, Ѕвонко Јованоски, одржа прес конференција со која повторно ја замајува јавноста, и наместо да се врати стариот сјај на Прилеп, кој некогаш важеше за најчист град во Македонија, Ѕвонко Јованоски се навраќа на едно минато време кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, во недостиг на идеи и реализација на нови проекти.

Обвинувањата за грешки или избрзани инвестиции во секундарната селекција е контрадикторно со вашите излагања во јавност каде знаете да се пофалите со примарна селекција која 90 проценти беше реализирана до 2018 година.

Да ве потсетиме дека во наше време беше инвестирано во 19.000 корпи за селекција во домаќинствата со вредност од околу 20 милиони денари. И наместо да се фалите со комунална инфраструктура, кажете им на прилепчани дека до 2018 година беше инвестирано и во над 500 контењери за отпад за селекција, инвестиција над 4 милиони денари и во над 500 контењери за мешан комунален отпад со вредност од 7.5 милиони денари. Беше инвестирано и во три нови возила за селекција и 5 половни возила кои се уште возат на релациите, инвестиција околу 12 милиони денари.

Од останатите инвестиции од наше време ги издвојуваме инвестициите во опрема за пресирање на селектиран отпад со вредност од 500.000 денари, асфалтирано плато во механичарската работилница со вредност од околу 1 милион денари, инвестиции во градежни и транспортни возила.

Во овда паѓаат и обвинувањата за грешни инвестиции во секундарната селекција или машинско одвојување на отпад. Точно е дека машината е купена во 2013 година, која е исплатена во 2015 година.

Велите дека недостигале делови, па истите делови кои ги барате не се ниту порачани зашто се електрика и требаше да се порачаат при пуштањето на машината во употреба, за која Вие не ни помислувате да ја пуштите, со алиби дека ви било скапо.

Правите пресметки колку ќе чинела халата и колку била скапа инвестиција. И наместо да се фалите колку тоа добро сте менаџирале, пофалете се со реализација на еден ваков значаен проект. Впрочем и градоначалникот Илија Јованоски се сликаше пред изборите пред халата на депонија и ветуваше дека ќе вложи во модерно управување со отпадот.

Почитувани, наместо да критикувате неосновано, засукајте ракави и сработете нешто. Граѓаните на Општина Прилеп тоа го чекаат од вас наместо празни флосхули, затоа што Прилеп заслужува да биде еден од најчиситте и најубави градови во Македонија!

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи