Кејт Мари Бурнс нова амбасадорка на САД во Македонија

Facebook
Twitter
Email
Print

Белата куќа и официјално ја номираше Кејт Мери Бирнс за нов американски амбасадор во земјава. Нејзината номинација од претседателот Доналд Трамп ќе треба да биде одобрена од Сенатот на САД.

 

Во номинацијата се наведува дека Бурнс е дипломат од кариера, ветеран со 24 годишен стаж. Досега работела како советник за односи со јавност во Амбасадата на САД во Мадрид- Шпанија, виш цивилен претставник на Стејт департментот во оперативната група Бастон/Бронко на аеродромот Џалалабад – Авганистан и советник за односи со јавност во Мисијата на САД во НАТО.

 

Бурнс има магистерска од Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон. Зборува шпански, унгарски и турски јазик. Од септември 2017 година таа работи на позицијата заменик-амбасадорка во Американската амбасада во Атина.

 

Таа ќе го замени актуелниот амбасадор Џес Бејли, исто така дипломат од кариера, кој на оваа функција беше номиниран од претходниот американски амбасадор Барак Обама во 2014 година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи