„Бушидо“ незапирлив и на меѓународниот турнир „Миоки“ во Скопје

Џудо клубот „Бушидо“ од Прилеп и овој месец продолжува со освојување на нови медали. Клубот денеска учествуваше на Меѓународниот турнир „Миоки“ кој се одржа во Скопје во спортската сала „Борис Трајковски“. На турнирот учествуваа натпреварувачи од повеќе балкански држави како Македонија, Србија, Бугарија, БиХ, Црна Гора, Албанија. Од клубот се натпреваруваа 5 спортисти во категориите помлади пионери, постари пионери и кадети. При што клубот освои 1 злато, 1 сребро и 3 бронзени медали.

 

ОВА СЕ ОСВОЈУВАЧИТЕ НА МЕДАЛИТЕ :

 

 

Елеонора Илиоска, 3 место, категорија помлади пионерки

 

 

Елена Малиноска, 1 место, категорија, постари пионерки

 

 

Филип Попоски, 3 место, категорија постара пионери

 

 

Сара Атанасоска, 2 место, категорија кадетки

 

 

Марија Талеска, 3 место, категорија кадетки

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи