ВИДЕО – Изложба „100 години од Македонскиот фронт“ во прилепскиот Участак

Во Участакот или музејот „11 Октомври“ во Прилеп денеска беше поставена изложбата „100 години од Македонскиот фронт“ која што ја организира Асоцијацијата на наставници по историја на Македонија, во соработка со Заводот и Музеј од Прилеп како и гимназијата „Мирче Ацев“, и СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Изложбата се организира по повод 100 години од завршувањето на Првата светска војна. Оваа патувачка изложба е поддржана и од Министерстовото за култира.

 

 

„Изложба која што е сведоштво за Првата светска војна, дотогаш најголема војна во која земаат учество две страни, Антантата и Централните сили. Во која што според одредени показатели има околу 20 милиони жртви. Сакаме да ги едуцираме младите како пред 100 години се водела војната во овој предел на Европа. Голем број жртви има и од страна на Македонците. Мекедонците се уште немаат држава во тој период, сепак Македонците учествуваат во војната со околу 200.000 војници, регрутирани од страна на буграската, српската или грчката армија“, истакна Рубинчо Белчески, историчар.

 

Изложбата предизвикува особено внимание бидејќи не зборува само за војната туку и за секојдневниот живот на линијата на фронтот, на кој бил и Прилеп со својата околина. Акцент се става на цивилното население и децата, на сиите оние кои не по своја вина се жртви на оваа страшна војна. Во објаснувањето околу случувањата за време на Првата Светкса војна освен наставниците се вклучија и самите ученици.

 

„Во македонскиот фронт биле донесени трупи од Франција и Велика Британија. Во Албанија на северната страна биле Централните сили, а на југ биле Антантата. Централните сили имале авиација од 80 авиони, 1.388 топови и околу 600.000 војници. Антантата имала околу 619.000 војници, над 2.069 топови и помоќна авиација со околу 200 авиони“, рече Андреј Тодороски, ученик во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“.

 

„Ние како гимназија „Мирче Ацев“ се вклучивме со нашите ученици во оваа изложба каде што нашите ученици заедно со учениците од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ се во улога на кустоси и објаснуваат определени делови од оваа светска трагедија која однесе милиони жртви и точно тоа треба да ни биде патоказ за понатаму на сите сегашни и идни генерации дека војните се најголемо зло на човештвото“, вели Диме Настески, дииректор на гимназија „Мирче Ацев“.

 

Целта на самата изложба е да допре до што е можно поголем број на граѓани со една и единствена порака а тоа е оваа војна и страдања „Никогаш да не се повторат“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien