ВИДЕО – Првиот спот на прилепчанецот Гоце Илиески Балада – „Биди ти моја”

Излезе првенчето на прилепчанецот Гоце Илиески Балада , видео спотот за песната „Биди ти моја”. Спотот е снимен во Охрид, а пејачот за периодот кој следи најавува и свирки по локалите, а веќе бил и во преговори за оформување и на бенд којшто ќе го прати на неговите настапи.

 

„Досега немам соработувано со никој, но во преговори сум со два бенда. Моментално работиме на репертоар кој што ќе го свириме во ноќните клубови. Спотот претставува една љубовна приказна, се снимаше на неколку места во Охрид, односно на познатиот Мост на желбите, во неколку хотели и во околината на Охрид. Целта е да се долови суштината на песната“, вели Илиески.

 

Музиката и текстот се на Гоце Балада, а аранжманот на Славко Ристески.  Илиески со компонирање вели дека се занимавал 12 години.

 

„Музика и текст имам направено за околу 80-тина песни. Оваа песна беше по случаен избор. Седнавме во студио со Славко и одлучивме да биде таа песна. Инаку, станува збор за забавна песна, љубовна балада“, додава Илиески.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien