Најпознатиот брод добива наследник: Титаник II ќе заплови во 2022-ра година

Титаник ќе го доживее своето продолжение. Речиси идентичен брод на стариот Титаник треба да го започне своето патување во 2022 година, обезбедувајќи им на авантуристите можност да го доживеат патувањето, следејќи ја истата рута како својот претходник.

 

Бродот, наречен Титаник II, ќе го започне своето патување од Кина, каде моментално е во изградба, а своите први патници ќе ги собере од Саутемптон во Англија.

 

Така ќе започне второто патување на Титаник од 1912 година, преку Атлантикот до Њујорк. Секако, оригиналниот Титаник никогаш не стигна до посакуваната дестинација, бидејќи на 15-ти април 1912 година, Титаник потона по судир со леден брег, а од вкупно 2.224 патници, загинаа над 1.500 со тоа станувајќи и една од најсмртоносните катастрофи во водата на студениот океан.

 

Иако современиот брод се прави по изглед на оригиналната верзија, постојат неколку значајни разлики. Ќе носи повеќе луѓе – 2400 плус 900 членови на екипажот, ќе биде за 4 метри подолг со цел да ги задоволи современите стандарди и да ја зголеми стабилноста. Покрај тоа, патниците треба да знаат дека новата верзија е опремена со современи сигурносни навигациони функции, како и детален план за евакуација.

 

Како и оригиналот, и овој брод ќе има сместување за прва, втора и трета класа со различна цена. Ќе има простории за пушење, кафетерии, ресторани, место за шопинг, казино, театар, па дури и болница.

 

Изградбата на оваа модерна верзија се држи до идејата на австралискиот бизнисмен Клив Палмер, кој во 2012 година ја основа бродската компанија, со цел проектот да го направи реален. Бродот и натаму се гради, а се очекува дека ќе чини 500 милиони долари. Најпрво беше планирано истиот да заплови оваа година, но поради финансиски проблеми тргнувањето се одложи, а сега е закажано за 2022 година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien