„Одмаздници“ 4 ќе биде најдолгиот филм во универзумот на „Марвел“

Четвртиот дел од филмската сага „Одмаздници“ ќе биде најдолгиот од сите филмови на студиото „Марвел“ досега, според ко-режисерот Џо Русо.

 

Во неодамнешна сесија на прашања и одговори, Русо рече: „Времето на „Одмаздници“ 4 моментално е три часа“.

 

За споредба, „Одмаздниците: Војна без крај“ е актуелниот рекордер за најдолг филм од универзумот „Марвел“ со два часа и 40 минути.

 

Како одговор на прашањето за фазата на пост-продукција, Русо откри дека тимот има завршено околу 50 отсто од филмот.

 

„Ние сме во средината на процесот. Во моментов работиме на ВФХ кадрите. Во филмот има околу 3.000 ВФХ кадри кои бараат многу време, мисла, енергија и напори и се уште сме далеку од завршување“, изјави Русо.

 

Поради моменталната должина на филмот, постои реална шанса дека одредени сегменти ќе бидат исфрлени за да се избегне таква должина.

 

Премиерата на „Одмаздници“ 4 е закажана за 3 мај 2019 година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien